Советот на ЕУ во април годинава одобри потпишување на регионална конвенција за паневро-медитерански правила за потекло, со што се воспоставуваат преференцијални царински стапки за земјите од јужниот Медитеран. Со оваа конвенцијата се очекува да се надминат тешкотиите во менаџирањето на мрежата од 60 билатерални протоколи за правилата за потекло меѓу земјите и териториите на евро-медитеранската зона. Како што објаснуваат од Стопанската комора на РМ, тоа ќе овозможи да се зголемат трговијата, прометот и инвестициите, зајакнување на соработката со бизнис-заедницата, бидејќи со дијагоналната акумулација ќе се овозможи некои суровини од конкретни земји во Македонија да се увезуваат без царина со цел да влезат во финален македонски производ наменет за извоз. Од Комората велат дека конвенцијата ќе го замени важечкиот систем на паневро-медитеранска кумулација на потекло базирана на билатералните протоколи потпишани меѓу државите-партнери.
Советот на ЕУ во април годинава одобри потпишување на регионална конвенција за паневро-медитерански правила за потекло, со што се воспоставуваат преференцијални царински стапки за земјите од јужниот Медитеран.
Со оваа конвенцијата се очекува да се надминат тешкотиите во менаџирањето на мрежата од 60 билатерални протоколи за правилата за потекло меѓу земјите и териториите на евро-медитеранската зона.
Како што објаснуваат од Стопанската комора на РМ, тоа ќе овозможи да се зголемат трговијата, прометот и инвестициите, зајакнување на соработката со бизнис-заедницата, бидејќи со дијагоналната акумулација ќе се овозможи некои суровини од конкретни земји во Македонија да се увезуваат без царина со цел да влезат во финален македонски производ наменет за извоз. Од Комората велат дека конвенцијата ќе го замени важечкиот систем на паневро-медитеранска кумулација на потекло базирана на билатералните протоколи потпишани меѓу државите-партнери.
Според Љубица Нури, директор во СКМ, конвенцијата ќе ја потпишат ЕУ, Фарските Острови, земјите на ЕФТА, југоисточно-медитеранските партнери учесници во Барцелонскиот процес, потоа Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, ПЛО во полза на палестинските власти на Западниот Брег и Појасот Газа, Сирија, Тунис и Турција и земјите од Западен Балкан меѓу кои Македонија, Албанија, БиХ, Хрватска, Србија и Косово.
Таа укажува дека Советот на ЕУ веќе повикал на брзо напредување во развој на нови партнерства со регионите, засновани на подлабока економска интеграција, прекуграничен пристап на пазарите и потесна политичка соработка.
- Советот апелира на брз прогрес базиран врз Предлог-паневро-медитерански правила за потекло. Конвенцијата овозможува дијагонална кумулација на потеклото меѓу медитеранските земји кои не се членки на ЕУ со ЕУ и земјите-потписнички на ЦЕФТА, освен Молдавија. За да се користи конвенцијата договорните страни меѓусебно треба да имаат билатерални договори за слободна трговија - објаснува Нури.
Таа смета дека во моментов земјава најбргу ќе оствари имплементација на дијагоналната кумулација за потекло со ЕФТА и ЕУ, со оглед дека веќе имаме договор за слободна трговија со ЕФТА-земјите, како што се Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд, а веќе користиме дијагонална кумулација со Турција, Србија, Црна Гора и ЕУ.
Со земјите од југоисточен Медитеран и ЕУ ќе ја имаме оваа можност кога ќе ги склучиме билатерални договори за слободна трговија.
- ЕК очекува од договорните земји да подготват листа на приоритетни гранки или производи на кои би се применувале поедноставни правила на потекло и дијагонална кумулација. Тие листи треба да се достават најдоцна до 15 мај 2011 година. Усогласувањето треба да се реализира во земјава до ноември годинава за да почне да се применува конвенцијата од 2012 година - информира Нури.
Таа укажува и на недоволната информираност на компаниите за процесот на дијагонална кумулација меѓу Македонија и медитеранските земјите, Западен Балкан и ЕУ, иако тие се веќе во финална фаза.
- Токму затоа неопходно е да се започне и со билатерални преговори од земјите од Барцелонски процес, бидејќи сепак тоа е работа за којашто треба време, консумира енергија, а треба да се започне со подготовка на клаузули кои сегашните наши билатерални договори за слободна трговија ќе овозможат укинување на сегашните протоколи и ќе се преземат регионалните протоколи.